Решавање на системи од линеарни равенки

Овој пресметувач Ви овозможува да решавате системи од линеарни равенки со користење на методот на Гаус за елиминација, со методот за множење на матрицата на системот со нејзината инверзна матрица или со користење на правилото на Крамер (со помош на детерминанти). Исто така, може да проверите колку решенија има даден систем од линеарни равенки (анализа за компатибилност на равенките во системот) користејќи ја теоремата на Кронекер-Капели (позната уште како теорема на Руше-Капели), да го најдете општото решение на системот, партикуларно решение или базните решенија. Внесете ги коефициентите на Вашиот систем во соодветните полиња. Ако некоја променлива ја нема во одредена равенка на системот, тогаш оставете го празно полето кое е наменето за коефициентот на таа променлива во соодветната равенка или на тоа место внесете нула. За внесување на дропки користете го симболот /: 1/3.

  • За да внесете не-квадратна матрица, оставете дополнителни празни полиња.
  • Може да користите децимални броеви (конечни или периодични) и дропки: 1/3, 3.14, -1.3(56), 1.2e-4. Исто така, може да користите аритметички изрази: 2/3+3*(10-4), (1+x)/y^2, 2^0.5.
  • За да се движите помеѓу полињата може да ги користите копчињата ↵ Enter, Space, , , , .
  • Со влечење-и-спуштање (drag-and-drop) може да ги преместувате матриците од резултатите, или дури и од (или вo) текстуалниот уредувач.
  • За да дознаете повеќе за матриците користете ја Википедија или некој друг извор.